Приведен Стефан Богоев, поранешен градоначалник на Карпош и директор на Царина

Четири лица осомничени за наводни злоупотреби поврзани со тендерска постапка која произлегува од Управата за царинско работење обезбедени во акција на Управата за финансиска полиција, во координација со Основното јавно обвинителство.
Според првичните информации, меѓу приведените е и поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, поранешен потпретседател на СДСМ и екс градоначалник на Општина Карпош. Меѓу лицата опфатени со акцијата е и Александар Спирковски, познат како Џемо, со живеалиште во Прилеп.
Осомничените, според информациите, се товарат за злоупотреби, финансиски малверзации и сомнежи за незаконитости поврзани со постапка за јавна набавка.
Надлежните институции засега не соопштуваат повеќе детали, а се очекува во текот на денот Управата за финансиска полиција и Основното јавно обвинителство да излезат со дополнителни информации за предметот и за конкретните сомнежи.
Ново на Сител
-

Младите наместо пред телефони да спортуваат
-

Во Прилеп за прв пат се одржа хуманитарната трка „Трка со срце“ на 5 и 10 км
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
