-->
-->
Приведен осомничен за ранувањето на тетовец на 1 јули
-->

По три недели вчера е приведен 31-годишниот Н.Б. од Лавце кој на 1 јули пукајќи од огнено оружје го рани 40-годишникот Ш.М од Тетово. Денеска Н.Б. со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка во Основниот суд Тетово, соопшти тетовската полиција.
-Вчера во 11 часот и 45 минути, во тетовското село Лавце, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Н.Б.(31) од ова село, поради сомнение дека на први јули, годинава околу 18 часот, на улица „Љуботенска“ во Тетово, извршил кривично дело „убиство во обид“, пукајќи со огнено оружје и ранувајќи го 40-годишниот тетовец Ш.М, инфомираат од СВР Тетово.
При увидот на местото службеници на СВР Тетово подигнаа три чаури и еден проектил од автоматска пушка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гаши на потег, ДУИ и Вреди во нов судир за законот за правична застапеност
-

Уапсен 19-годишен Македонец осомничен за обид за убиство во Будва
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: Акутната фаза на епидемијата е во смирување
-

Пет пациенти на Инфективна клиника со западно-нилска треска
-

Мицкоски: Следната недела очекувам големо намалување на цените на бензините
-

Градежни активности на нов стадион, инфраструктурни проекти и патна инфраструктура во Општина Илинден
-

Оризопроизводителите бараат слободен увоз на препарати
