Приведен криумчар, пронајдени 20 мигранти
На автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на наплатна станица Смоквица, вчера околу 11:20 часот полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност го лишиле од слобода Д.Ц.(44) од Виница. При преглед во товарно возило „цитроен џампер“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 20 мигранти, 19 од Сирија и еден од Ирак, меѓу кои четири малолетници.
Како што информира МВР, тој претходно не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници, продолжил со движење и со возилото скршил рампа на наплатната станица, по што скокнал од возилото и го напуштил местото.
-Набргу, по преземени мерки, Д.Ц. бил пронајден и лишен од слобода. Тој бил задржан во полициска станица и во консултација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите биле сместени во прифатен центар за странци во Скопје, соопшти МВР.
Ново на Сител
-

Уапсен е осомничениот кој фрлил бoмбa врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ, сe трaгa пo уштe eднo лицe
-

Вембањама го предводеше Сан Антонио до триумф над шампионот Оклахома
-

ЗОИ 2026: Откажан тренингот за женскиот спуст поради обилни снежни врнежи
-

101 казна во јануари за затемнети стакла
-

Зеленски: Во војната со Русија загинаа околу 55.000 украински војници
-

Премиерот Мицкоски денеска на средба со УПОЗ и КСС
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција
