Македонија
5. July 2022 - 9:40

Приведен крадец во Куманово, одземенотo вратено на сопственикот

На 05.07.2022, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Ј.(38) од Куманово. Тој се сомничи дека во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Куманово одзел личен предмет од едно лице.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Ф.Ј. бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.