Приведен крадец од штипско, расчистени 22 тешки кражби
По преземени мерки и дејствија и претходно добиени оператвни сознанија, од страна на полициски службеници од СВР Штип на 18.01.2021 e лишен од слобода П.И.(25) од с.Црвулево, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на 22 кривични дела „тешка кражба“ од куќи и работни машини во с.Црвулево, општина Карбинци.
Осомничениот П.И. во периодот од месец октомври 2020 до јануари 2021 на подрачјето на с.Црвулево, сам извршил 11 кривични дела „тешка кражба“, додека останатите 11 кривични дела ги изршил заедно со О.А.(27) од с.Аргулица, насилно влегувајќи во куќи од каде одземале најразлични предмети, работни машини и алати.
Дел од предметите се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. Се работи на целосно комплетирање на кривично правните настани, по што против П.И. и О.А. до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите