Македонија
2. February 2022 - 10:59

Приведен крадец од Гостиварско, украденото вратено на сопственикот

Полициски службеници вчера лишиле од слобода лице од гостиварско Дебреше осомничено за кражба, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера околу 13:00 часот полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 63-годишниот С.Б. од гостиварско Дебреше. Тој претходно одзел повеќе предмети од трговски објект на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, сопственост на А.А. (50) од Гостивар, соопштија од МВР.

Оттаму посочуваат дека украдените предмети се одземени и вратени на сопственикот, додека по документирање на случајот против С.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок.