Приведен кандидат за претседател на Бугарија поради напад на ЛГБТИ лица
По учеството на БНТ, синоќа приведен е кандидатот за претседател на Бугарија Бојан Расате. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Расате е приведен во првата регионална управа на МВР во Софија.
Врз основа на барањето на Гешев, ЦИК едногласно го одобри укинувањето на имунитетот. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Расате ќе биде обвинет за хулиганство со посебна дрскост во соучесништво со други лица, изјави портпаролот на главниот обвинител на Сиика Милева.
Министерството за внатрешни работи на Бугарија соопшти дека за случајот Бојан Расате е поведена предистражна постапка, на која работата продолжува истражител во градското обвинителство на Софија. За делото што го извршил Расате може да добие затворска казна до пет години. Единаесет амбасади во Софија на САД, Австралија, Белгија, Данска, Шпанија, Канада, Холандија, Обединетото Кралство, Португалија, Република Ирска и Франција остро го осудија нападот врз невладината организација. ЛГБТИ правата се основни човекови права и ги повикуваме сите Бугари да го отфрлат насилството и нетрпеливоста за кои нема место во ниту едно демократско општество, се вели во ставот на амбасадорите на 11-те земји.
Расате е лидер на ултимативната националистичка организација Бугарски национален сојуз – Нова демократија.
Ново на Сител
-

Петта јавна трибина за важноста на органодонорството одржана во Струмица
-

Младински земјоделски задруги - можност младите да се задржат во своите родни огништа во руралните средини
-

Младите не ја знаат доволно сопствената историја
-

Преглед на вестите од светот
-

Зошто Уставни измени се единствена тема на СДСМ
-

Тема на денот со Александар Саша Димитриевиќ, генерален секретар на СДСМ
-

Прилепската болница набави најсовремен рентген апарат во државното здравство и видео ЕЕГ за деца
-

Преглед на вестите од светот
