Приведен Драги Рашковски
Рано утрово на распит е приведен Драги Рашковски.
По притисокот од јавноста поранешниот генерален секретар, Драги Рашковски замина од Владата. Оставката дојде по низата скандали за кои антикорупциска отвори предмети во кои ги истражува истите.
ДКСК вчера информираше дека по поднесената оставка од страна на владиниот секретар за мониторинг и поддршка на институциите, Драги Рашковски, неговото повлекување од функцијата нема да влијае во постапката по предметите кои се поврзани со него.
„Оставката на поранешниот генерален секретар на Владата не влијае на работата по споменатите предмети. Постапувањето ќе продолжи согласно надлежностите и процедурите на ДКСК“, стои во кусото соопштение.
Името на Рашковски во последниот период беше поврзано со низа обвинувања од опозицијата, со неколку случаи кои се под мониторинг на Антикорупсиската комисија, а дел се и предмет на истрага во Јавното обвинителство. Некои од нив се „Леонардо“, „Софтвер за МВР“, „Џип волво“…
Рашковски пак во оставката која вчера ја објави на социјалните мрежи, наведува дека повлекувањето е поврзано со зачувување на достоинството и интегритетот.
„Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции“, напиша тој.
Ново на Сител
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово
-
ДСЗИ повторно ќе оди во вонредна контрола на Токсикологија