-->
-->
Приведен дилер од тетовско за издржување затворска казна
-->
Тетовските полицајци вчера во 21:10 часот во Желино привеле 33 годишник од тоа место кој се барал за издржување затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Тој бил осуден на една година затвор.
– Службенци од Полициското одделение Групчин – СВР Тетово, врз основа на наредба од Основен суд Тетово, го привеле Ф.О.(33) од с.Желино за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Осуденикот бил спроведен до Казнено-поправната установа Затвор – Тетово за издржување на казната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Токсикологија поплавена, Клиниката два месеци не е осигурана
-
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко не се појави на суд
-
Судскиот Совет ги спроведува препораките на оценската мисија на ЕУ
-
Учениците возбудени за пролетниот распуст
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата планира коалиции – власта сака да ја намали разликата
-
ВМРО-ДПМНЕ побара поголема излезност на изборите за да се спречат црни сценарија
-
СДСМ: Нема откажување