-->
-->
Приведен дилер од Скопје, пронајдени хашиш и марихуана
-->

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје го предаде Н.Б.(31) од
Скопје, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ.
Имено, вчера (05.03.) врз основа на претходно добиени оперативни сознанија, по издадена судска наредба извршен е претрес на дом кај пријавениот во Скопје. При извршениот претрес во станот пронајдени се 52 саксии со стебла Cannabis, 1 килограм 324,43 грама марихуана, 54 капсули со вкупен волумен од 27 ml хашиш-масло, 11 шприцеви со 30,7 ml хашиш-смола, неколку семки Cannabis и вага на која имало остатоци од марихуана и хероин.
Во станот исто така имало и инсталиран систем – импровизирана лабараторија за одгледување и производство на растенија кои припаѓаат на растителниот род Cannabis и производство на уље од Канабис (сијалици HPS, вентилатори, екстрактор за производство на уље од Cannabis, апарат за вакумирање, лед сијалици, термометри и тајмери, импровизирани сушари , апарат за навлажнување на воздух, стабилизатори за струја, карбон филтер со мотор и канти со непозната течност).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Привршува судењето за убиствата на Вања и Панче, завршни зборови на 2 јуни
-
Шефицата на Европската дипломатија Каја Калас во петок во Скопје
-
Македонија домаќин на 2200 војници од НАТО вежбата „Брз одговор 2025“
-
Форум: Мали држави - Големо влијание
-
Арсовска „фати“ дивоградба во Чаир
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не крие информации за златната виза
-
Преглед на вестите од светот
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат