-->
-->
Приведен дебранец поради сомнение дека предизвикал пожар
-->
На 08.08.2021 околу 18.30 часот, во Одделение за внатрешни работи Дебар е приведен Б.М.(60) од Дебар, кој претходно, од патрола составена од полициски службеници, во содејство со Противпожарна единица и припадници на Шумската полиција од Дебар, бил затекнат кај опожарена нива во атарот на дебарското село Бомово.
Патролата веднаш пристапила кон гаснење на пожарот, со кој биле зафатени дабови и багремови дрвја, како и ниско стеблеста вегетација. Во координација со Јавен обвинител, Б.М. е задржан во полициската станица и против него ќе биде поднесена пријава во врска со членот 227 за „предизвикување шумски пожар“ од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Седуммесечно бебе паднало од импровизиран кревет
-
Центар за рангирање на светски универзитети: УКИМ година дена не бележи никаков напредок
-
Структурни реформи веднаш, за поголем економски раст
-
Македонците најмногу трошат на „Букинг“, а најмногу купуваат на „АлиЕкспрес“
-
Демири го разреши само медицинскиот директор на Токсикологија, но не и Бесија Иљази
-
Отворен Центар за поддршка и советување на момчиња и мажи
-
ДИК прифати 7 приговори - Ќе се прегласува во Крушево, Охрид и Желино
-
Дом за стари лица во Прилеп инсталираше фотоволтаични панели