Приведен битолчанец за изнуда, одреден му е притвор од 30 дена
Приведен е 29-годишен битолчанец кој се сомничи дека во повеќе наврати преку социјална мрежа и се заканувал на 49-годишна жена и на нејзиното семејство и изнудил околу 400.000 денари.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека 29-годишниот Н.Д. бил затекнат при примање пари од жената кои биле пронајдени и одземени.
Со наредба од Основниот суд Битола, извршен е претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени две ловечки пушки, различни видови патрони за ловечка пушка и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело.
Осомничениот е приведен во полициска станица и против него по брза постапка е поднесена кривична пријава по член 258 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
