-->
-->
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-->

Приведен албански државјанин во полициската станица во струшкото село Франгово поради обид за нелегално пренесување добиток на албанска територија, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, вчера во 9 часот, во полициската станица за граничен надзор во струшкото село Франгово, приведен е С.Д.(59) од селото Рајца, Република Албанија.
- Тој, претходно од штала во селото Франгово, одзел добиток и за одреден паричен надомест, требало низ нелегален премин на македонско-албанската граница, да го пренесе на албанска територија, информирапортпаролот Стефан Димоски.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
-

ОТА: Во 2025 прислушувани 259 комуникации, најголем број по барање на МВР
