-->
-->
Приведен 58-годишник од Кочани, управувал возил со 2,31 промили алкохол во крвта
-->

На 20.08.2025 во 21.20 часот на ул.„Стево Теодосиевски“ во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Ч.М.(58) од Кочани. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле мотоцикл со кочански регистарски ознаки, кој го управувал Ч.М. и по преземени мерки било констатирано дека го управувал мотоциклот под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,31 промили алкохол во крвта.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

На Клинички ќе има четири вида на плаќање, а цените ќе ги одредува советот на Град Скопје
-

ССМ на блокада пред Стопанската комора
-

Мицкоски бара извинување од Трендафилов за навредите кон Стојаноска
-

Повластени тарифи за 60 производи
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците денеска го блокираат Сојузот на стопански комори
-

Кој се ќе биде опфатен со владината реконструкција?
-

Саит Саитов приведен во Србија, се чека негова екстрадиција
