Македонија
29. March 2022 - 14:24

Приведен 48 годишен тетовец, кај него биле пронајдени 13 кеси со марихуана

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (29 март) околу 11 часот и 30 минути , на улица „Мурат Бафтијари" во Тетово го лишиле од слобода 48-годишниот тетовец Г.А..

При претрес извршен во неговиот дом и помошни простории со судска наредба, биле пронајдени 13 кеси со марихуана, со вкупна тежина од околу еден килограм, и три кесички со остатоци од бела прашкаста материја. Г.А. е задржан во

Полициската станица Тетово и ќе му биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.