-->
-->
Приведен 31-годишник од Македонска Каменица, возел под дејство на алкохол и без возачка дозвола
-->

Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Делчево утрово во 2:40 часот во Македонска Каменица го лишиле од слобода М.С.(31) од Македонска Каменица.
Како што информира МВР, при вршење увид на сообраќајна незгода на ул.„Церска“ со лесни повреди и по преземени мерки било констатирано дека тој го управувал возилото „сеат“ со регистарски ознаки на Македонска Каменица без возачка дозвола и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 промили алкохол во крвта.
Лицето било исклучено од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
