Македонија
16. April 2024 - 12:34

Приватните специјализанти го продолжија штрајкот - чекаат одлука од денешната владина седница

Приватните специјаизанти и денеска штрајкуваат и покрај ветувањата на министерот Демири дека нивните барања Владата ќе ги разгледува на денешната седница. Утрово најавија дека ќе штрајкуваат се додека не добијат писмено уверување дека се прифатени нивните барања за повисоки плати и решавање на нивниот статус. Тие утрово реагираат и на вчерашната изјава на министерот Демири, кој кажа дека нивниот штрајк има политичка позадина.