Македонија
31. October 2021 - 16:35

Притвореник пронајден починат на Клинички центар

Вчера околу 00.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Одделот на арестантско одделение при комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил пронајден починат притвореник И.Т.(62), кој бил хоспитализиран, а на кого околу 00.15 часот му се слошило по што од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, соопшти МВР.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото било дадено во судска медицина за обдукција.