Македонија
27. July 2015 - 13:47

Притворени двајца Срби и Босанец за кражба во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Л. (38), босански државјанин, и В.Р. (65) и Р.С.(51), српски државјани, поради сомнение за сторени две кривични дела „кражба“.

На 22.07.2015 година, во периодот од 00:30 до 03:00 часот во Охрид на улицата „Петар Чаулев“ во хотел „Ди Англо“ пријавените извршиле две кражби во соби на фински и американски државјани, при што одзеле девизни средства, денари, мобилни телефони, камери и други предмети со што стекнале противправна имотна корист од околу 47.000 денари.

На пријавените им е одредена мерка притвор во траење од осум дена.