Притвор за уште две лица за убиството во Поум, Струшко
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струга донесе наредба за спроведување истражна постапка за уште две лица поради постоење основано сомневање дека сториле кривично дело Убиство, а еден од осомничените и за кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од Кривичниот законик.
Од Основното јавно обвинителство информираат дека во текот на истрагата во врска со завчерашното убиство во струшкото село Поум, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга во координација со Министерството за внатрешни работи дојде до нови сознанија што укажуваат дека осомничениот не го сторил делото сам. Имено, во извршувањето на убиството учествувале уште две лица кои се во роднинска врска со веќе осомниченото лице.
Осомничените, како што наведуваат, се лишени од слобода и јавниот обвинител ценејќи дека се исполнети законските основи ќе достави предлог за определување на мерката притвор за двете лица.
Ново на Сител
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место