Притвор за три лица од гостиварско поради разбојништво

СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар го расчисти разбојништвото кое на 25 октомври околу 20 часот било извршено врз 48-годишниот српски државјанин Г.С., и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривични пријави против М.Х. (33) и Љ.Х. (27), двајцата од гостиварското село Дебреше и Ш.Ј. (42) од гостиварски Равен.
Тројцата пријавени, како што соопшти МВР, се сомничат дека во близина на наплатната станица Гостивар, прво побарале да влезат во товарно моторно возило „Сканија“, со српски регистарски ознаки, што го управувало Г.С, а потоа и физички го нападнале и со закана со остар предмет му одзеле паричник со 9.000 српски динари, 50 евра, возачка дозвола и банкарска картичка.
Нешто подоцна, пријавените се лишени од слобода и изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар, кој им определил мерка притвор од 30 дена, по што биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Скопје, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Цената на суровата нафта би можела да падне на 70 долари за барел
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Сиљановска Давкова и Муцунски на дигитален форум во Анталија
-

За Стафа 15 месеци затвор - за Ристов обвинение
-

Судење за оддавање службени тајни, објавена комуникација меѓу обвинетите
-

Обвинетиот Јовановски физички ја нападнал сопругата пред таа да се самоубие, тврди дека бил испровоциран
-

Филипче со писмо до Брисел против Мицкоски
-

Владата ги следи цените: Засега нема вештачки поскапувања
