-->
-->
Притвор за пет лица поради физичка пресметка во Гостивар
-->
Петмината осомничени биле учесници во физичка пресметка во Гостивар, каде на 14 ноември годинава, во 14:00 часот во центарот на градот, на улицата „Браќа Ѓиновски“ нападнале две лица употребувајќи физичка сила и дрвени палки. Мотивот за нападот е предмет на натамошно утврдување во истражна постапка која ја води надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар.
Како што соопшти Јавното обвинителство, за стореното кривично дело Министерството за внатрешни работи по спроведена акција лиши од слобода пет лица. ОЈО Гостивар поведе постапка во која лицата ги гони за сторено кривично дело насилство.
Имајќи ги предвид видот и тежината на стореното кривично дело, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави предлог за определување на мерката притвор за сите петмина осомничени. Судот со решение го прифати предлогот на Обвинителството, по што на тројца од осомничените им определи притвор во времетраење од 30 дена, а на двајца од осомничените им определи куќен притвор.
Од Обвинителството информираат дека надлежниот обвинител кој постапува во предметот денеска го обжалил донесеното решение на Судот, во делот на определената мерка куќен притвор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Експерти: Со стартот на кампањата ќе се интензивира негативната реторика
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Генерално собрание на ОН во Њујорк
-
МАТТО го реконструира основното училиште со ресурсниот центар „Иднина“
-
Две години условна казна затвор за онкологот Пешевска која призна вина
-
Седумгодишно девојче од Челопек почина во тетовската болница
-
Не работи пералната на Клинички – Алиу ќе ја враќа во владение на државата
-
„Амбикон“ го објави извештајот за загадувањето на воздухот во Трубарево: Податоците се неспоредливи со претходни параметри