Притвор за осомничен за предизвикување општа опасност во Битола
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 35-годишен жител на селото Долно Оризари кој е осомничен за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од јавното обвинителство.
На 2 март, во вечерните часови, осомничениот влегол во казино на улицата „Лазо Трповски“ во Битола, се качил на спратот од објектот каде што имало и други лица, па истурил бензин врз шест слот-машини и ги запалил. Со тоа предизвикал пожар кој зафатил дел од инвентарот и предизвикал значителна опасност по животот и телото на луѓето и по имотот од големи размери.
По предлог од надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола определи мерка притвор во траење од осум дена за осомниченото лице, стои во соопштението на јавното обвинителство.
Ново на Сител
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД
-
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
-
ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат
-
Никола Станишиќ им се поклони на жртвите во Кочани и победи во „Ѕвездите на Гранд“
-
Многу топло и денеска, владините препораки за заштита ќе траат до вторник, пад на температурите од среда
-
ЦУК: Од вкупно 22 пожари на отворен простор се уште активни се пет