Притвор за осомничен за илегална трговија со хероин од Стојаково
– Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Стојаково, Општина Богданци, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
-Осомничениот, на 6 октомври во утринските часови, на предното совозачко седиште во неговиот автомобил „Застава Југо“ пренесувал 20,24 грама наркотична дрога – хероин во две полиетиленски пакувања, како и 19,72 грама мешавина од кофеин и парацетамол кои се користат како додаток за зголемување на количината на дрогата. При преглед на возилото на локалниот пат од Стојаково кон Богданци, полициските службеници ја пронашле дрогата и ја одзеле, соопшти Јавното обвинителство.
ОЈО Гевгелија до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи оцени дека осомничениот може да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или да го повтори делото. Судијата ги прифати аргументите на Обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг