Притвор за германски државјанин со адреса во Инџиково за криумчарење мигранти
Вчера РЦ Север до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против А.М. (27) од Вердол-Р.Германија, со место на живеење во с.Инџиково-скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
На 31. мај во 22,30 часот на автопатот Скопје- Куманово после наплатната рампа „Романовце“, од страна на Мобилна царинска екипа било забележано патничко моторно возило “Даимлер - Grand Voyager“ со тетовски регистерски таблици како стои на коловозна лента.
При извршениот увид констатирано е дека во возилото има 13 лица-мигранти (четворица од Авганистан, тројца од Пакистан и шестмина од Бангладеш меѓу кои и едно малолетно лице).
Возачот на возилото е приведен во СВР Куманово, а мигрантите се сместени во Прифатниот центар во Скопје.
Од страна на судија на претходна постапка на А.М. му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска поднесе оставка
-
Втор ден потрага по 16 годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар
-
Пожарот на планината Серта ставен под контрола, но се уште гори
-
СДСМ: Историска измама на власта, над 318.000 пензионери се оштетени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити градоначалникот тепач на Крива Паланка
-
Комунални екипи на 5 скопски општини го расчистуваат просторот на скопското Кале
-
Граѓанските активисти скептици дека ќе се уриваат дивоградбите
-
Преглед на вестите од светот