Притвор за дилер на дрога и амфетамин од Куманово
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка, против 46-годишен жител на Куманово, бидејќи утврдил основано сомнение дека тој сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, како што информираат од ОЈО, во домот во кој живеел, на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово неовластено за продажба држел 34,7 грама психотропна супстанција – амфетамин и 2,14 грама марихуана.
Прифаќајќи го предлогот на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство или да го повтори делото.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
