-->
-->
Притвор за дадилката која тепаше двегодишно дете
-->
Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор, денеска доцна попладне, пред судија не претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје беше спроведена Ж.П. поради основано сомнение дека сторила кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете
од чл. 201 ст.1 од КЗ.
По разгледување и ценење на предлогот и наводите на обвинетата, судија на претходна постапка увиде дека во однос на видот, карактерот и тежината на кривичното дело за кое се товари осомничената, висината на предвидената казна, податокот дека се работи за кривично дело против бракот и семејството како и личните прилики на обвинетата, постои оправданост дека осомничената може да се даде во бегство.
Потоа постоењето на околноста дека може да влијае на сведоците во контекст на издадената наредба за спроведување истражна постапка и фактот дека осомничената и во иднина би можела да работи иста или слична работа со што би се довеле во ризик други лица, судот донесе решение со кое се усвојува предлогот на обвинителството и се определува мерка притвор во траење од 30 дена согласно одредбите од чл. 165 ст.1 т.1, 2 и 3 од ЗКП.
Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изгласана Резолуцијата за Сребреница во ОН – 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот:
-
Тројца повредени во сообраќајка на крстосницата кај Башино Село на автопатот над Велес
-
Претседателката оствари телефонски разговор со Зеленски: Украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво
-
63-годишен маж демнеел женско лице од Дебар по што и го украл телефонот на работното место
-
Графитите избришани, сторителите непознати, насликана нова содржина на монументот на гостиварскиот кеј
-
Левица: Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“
-
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Георгиев
-
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во Старата касарна во Битола