Притвор за Беким Максути, поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување
Еден поранешен директор и инспектори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) се дел од притворените во случајот со големата несреќа во Кочани, кога во голем пожар во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица.
Овој податок го објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, без детали за кого се работи и која е причината. МКД.мк дознава дека се работи за поранешниот директор Беким Максути, кај кого, при полицискиот претрес во неговиот дом било пронајдено и оружје и муниција.
- Законот за заштита и спасување детално ги опишува надлежностите на ДЗС. Претпоставуваме дека дел од причините за притворот на Максути се токму во непочитувањето на неговите обврски, пишува порталот.
Во член 69 од Законот за заштита и спасување пишува дека „државните органи, органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, установите и службите се должни да имаат соодветни уреди и инсталации за заштита од пожари, друга противпожарна опрема, средства за гаснење на пожари и противпожарни апарати, според пропишани стандарди.
Веќе наредниот член ја опишува обврската на инвеститорот – „во проектната документација за изградба на објекти, како и за објекти на кои се врши реконструкција-пренамена инвеститорот е должен да изготви посебен елаборат за заштита од пожари, експлозии и опасни материи.
Дирекцијата, односно нејзините подрачни организациски единици се должни во рок од пет дена од денот на приемот на писменото барање за увид во проектната документација од органот кој ја спроведува постапката за издавање на одобрение за градење, да изврши увид и да даде согласност за застапеност на мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материи или да даде забелешки на записник, доколку не се исполнети условите за согласност.
Директорот на Дирекцијата ја утврдува содржината на елаборатот за заштита од пожари, експлозии и опасни материи. Директорот на Дирекцијата ги пропишува мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материи“.
Во член 139-в од овој закон се вели дека инспекторот на ДЗС има право и обврска на субјектот на надзорот: да му укаже на утврдените неправилности и да определи рок за нивно отстранување; да му нареди да преземе соодветни мерки и активности во рок кој ќе го определи инспекторот и да му поднесе барање за поведување прекршочна постапка.
Исто така, според член 141-д, инспекторот при вршење на надзор ако утврди дека постои непосредна опасност од уривање на објекти; настанување на пожари и експлозии; отежната евакуација на загрозени лица; оневозможување на ефикасна интервенција на тимовите и други опасности, со решение може да нареди забрана на користење на објектот или на дел од објектот.
Очигледно е дека во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани голем дел од законските обврски и инспекциски надлежности едноставно не се спровеле, пишува МКД.МК.
Ново на Сител
-
Обвинителство бара мерки за претпазливост за претседателката на ДКСК за предметот „Адитив“
-
Љутков за исплата на платите на културните работници: Конечно направивме пресметка која што е достојна и законска
-
Околу 25.000 луѓе во Турција се „напушиле“ откако полицијата запали над 20 тони запленет канабис
-
Додик за одлуката на Шмит да ги блокира средствата на СНСД и Обединета Српска: Дали тоа е демократија?
-
Мицкоски: Истрагата за трагедијата во Кочани ја води јавниот обвинител а не Владата, тој кажува кои лица ќе бидат опфатени
-
Околу 100 илјади евра собрани од хуманитарниот натпревар Вардар – Црвена ѕвезда
-
Ден по Велигден ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ | ВИДЕО
-
Кривична за 49 лицa кoи вршeлe злоупотреба на постапката за стекнување со туѓа нега и инвалидски пензии