Притвор од 30 дена за 18-годишниот штипјанец кој ја истепал и прободел својата вонбрачна сопруга

Oсновното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 19 години од Штип за кривично дело – убиство во обид при вршење на семејно насилство.
Како што информираат од ОЈО Велес, на 13 јули попладнето осомничениот дошол во Велес заедно со својата вонбрачна сопруга во куќа во која живеел под кирија. Помеѓу нив настанала вербална расправија, при што осомничениот со нож на преклопување ја прободел оштетената три пати и тоа во десната страна на слабината, десното колено и левата потколеница, нанесувајќи и на тој начин телесни повреди, по што заминал од куќата.
Велешкото обвинителство до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот.
Предлогот бил прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Подобрување на епидемиолошката состојба во Гостивар, но водата и понатаму не е за пиење поради нова бактерија
-

Нема активни пожари во државата, ДЗС на готовс
-

Свеченост во Воената академија: Промовирани нови офицери на Армијата
-

Промовирана новата генерација полициски службеници
-

Охрид подготвен за бројните туристи, службите на терен
-

2 милиони долари за нов имплулс на ХС „Злетовица“
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
