Пристигнаа 500.000 вакцини „Синовак“, продолжува масовната имунизација на населението
Со два авиони денеска на скопскиот аеродром пристигнаа 500-те илјади вакцини што Владата ги набави од кинескиот производител „Синовак“. Станува збор за најголема пратка вакцини пристигната во земјава, а вакцините ќе бидат распоредени во градовите низ државата.
Според државната секретарка во Министерството за здравство Иванка Стојаноски, која заедно со кинескиот амбасадор ги пречекаа вакцините, со оваа пратка ќе се вакцинираат значителен број на граѓани со што ќе се забрза процесот на постигнување на колективен имунитет.
– Со процесот на имунизација досега и вакцинирањето на голем број граѓани покажуваме одлични резултати во намалувањето на бројот на новозазарени со Ковид-19 и на хоспитализирани граѓани за што говори фактот дека сите ковид центри низ државата се празни, а малиот број на хоспитализирани пациенти е на Инфективната клиника, истакна државната секретарка за здравство.
Во однос на цената по која се набавени вакцините, државната секретарка Стојаноски рече дека согласно обврските и склучените договори со фирмите, засега не може да открие која е цената.
– Во овој период мора да се држиме согласно договорите. Има институции кои сето тоа ќе имаат можност да го кажат кога ќе дојде време, рече Стојаноски.
Кинескиот амбасадор во земјава Џанг Ѕуо порача дека вакцините се најмоќното оружје за надминување на епидемијата и посочи дека вакцината „Синовак“ е одобрена од Светската здравствена организација. Во Кина, како што рече, се употребени над 1,1 милијарди дози и се вакцинираат луѓе на возраст од 3 до 100 години.
Ново на Сител
-

Путин побара дополнителни мерки за справување со последиците од украинските напади врз цивилната инфраструктура
-

Чавушоглу: Од Македонија се бараше да го смени името, знамето и сега се бара да прифатат дека не се Македонци
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
