Пристапни рампи, но и поголема прифатливост е потребна за лицата со посени потреби
Четириесет и седумгодишниот Велибор Јаќимовски, претседател на Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ Тетово и Гостивар првпат откако 29 години е во инвалидска количка сам успеа денеска да влезе во објектот на Општината преку пристапна рампа со лифт за да може да присуствува на пригоден настан по повод Меѓународниот ден на лица со посебни потреби.
-Со обичка количка ме дигале тројца луѓе на раце и така сум влегол на два-три пати во Општината. Сега сам успеав, треба мала корекција на рампата но во секој случај одлично што Општината да се сети да го постави лифтот, изјави Велибор Јаќимовски.
Тетовската градоначалничка Теута Арифи истакна дека наследиле непристапна рампа што е заменета од нивна страна.
-Сега е функционална рампата, ако има детали ќе ги разрешиме. Сметаме дека во текот на оваа година направивме значаен исчекор во подобрување на условите за лицата со посебни потреби. Тука ги издвојуваме проектите за пристапноста во текстилното училиште и во ОУ „Лирија“. Исто така, имаме 22 психолози и терпевти кои може да работат со секое дете со аутизам како лични асистенти, и сите кои имаат потреба може да добијат таква помош, рече Арифи.
Во рамки на Проектот „Инклузивни партнерства во заедниците на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ беа споделени позитивните искуства од проектните активности реализирани во партнерските општини.
-Ние подготвивме документ каде се опишува идеалната заедница и поставува одредени цели на кои на начини треба да се задоволат посебните потреби. Општините понатаму треба да подготват акциски планови. При самопроценката наидовме на добри практики како иницијативите за лични асисистени и слично но најголема пречка е неразбирање од лица со типичен развој и предрасудите и затоа мислиме дека треба да се работи на промена на ставот и мислењето. Овој инструмент воедно е аларм и будилник за состојбите, рече Елена Мишиќ од проектен координатор во Фондацијата.
Проектот се спроведува во шест општини со цел да има посеопфатно надминување на проблемите, а не само во одредени сектори.
Ново на Сител
-
Една година Влада - отчет на премиерот Мицкоски
-
Бугарија го спори извештајот на ЕП за Македонија, Георгиев вели дека нема тежина
-
Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-
Годинава се очекуваат околу 24 милиони килограми тутун, неизвесно дали и сега ќе се откупува само во прва класа
-
Извештајот за Македонија утре на втор обид за гласање, Вајц не сака да го коментира исходот предвреме
-
Ново поскапување на дизелот, за една недела поскапе за 7 денари
-
Синдикатот на Клинички против решението на Алиу дел од вработените на клиниките да паркираат надвор од кампусот „Мајка Тереза”
-
СДСМ обвинува за блокада