Приштина тврди дека потпретседателот на Српска листа е меѓу групата напаѓачи во селото Бањска
Приштина објави видео снимка за која тврди дека потпретседателот на Српска листа Милан Радоичиќ е меѓу групата напаѓачи во селото Бањска. Радоичиќ, кој е на црната листа на САД и Обединетото кралство беше водач на оваа терористичка група и нападот во кој беше убиен полицаецот Африм Буњаку, напиша првиот човек на косовската полиција Џелал Свечла на Фејсбук. Тој го обвини претседателот на Србија дека стои зад како што рече терористичката акција проитв правниот и уставниот поредок на Косово преку српска листа и Радоичиќ. Упати и повик до српските власти да предадат 6 лица за кои рече дека биле дел од нападот врз косовската полиција а во моентов се лекуваат во болница во Нови Пазар.
Судот во Притшина на тројца од осуммината уапсени напаѓачи, сите косовски Срби им одреди 30 дневен притвор за кривичните дела тероризам и напад врз уставниот поредок на Косово. Во престрелките во селото Бањска во неделата загинаа и четворица напаѓачи. Водечката партија на косовските Срби, Српска листа прогласи триднеvна жалост во северно Косово, а утре ќе биде ден на жалост во Србија.
Селото Бањска и денеска останува под блокада од косовската полиција, ЕУЛЕКС и КФОР. Српскиот претседател информираше дека на состанокот со амбасадорите на земјите од квинатата побарал КФОР да ја преземе грижата за сите безбедносни прашања на северот од Косово.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар