Приштина и вети на Нуланд дека ќе го формира Специјалниот суд

Американскииот помошник државен секретар Викторија Нуланд на синоќашните средби со преставниците на косовскиот државен врв порача дека ако Косово сака да „оди напред“, треба да го формира Специјалниот суд за воени злосторства, при што од нивна страна и е дадено ветување дека оваа инситуција ќе биде формирана. јави дописникот на МИА.
На средбата на Нуланд со косовскиот премиер Иса Мустафа разменети се мислења за состојбите во Косово и регионот, за регионалната соработка, евоаталнските интегративни процеси, како и за напредокот во дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.
- Премиерот Мустафа и помошник секретарот Нуланд разговараа и за формирање на Специјалниот суд, како и за големото значење што за Косово го има ниговото формирање, бидејќи тоа потвдува дека Косово има капацитет да преземе значајни одлуки за својата иднина, за да ги исполни меѓународните обврски и да оди напред во евроатланската интеграција, се наведува во соопштението од кабинетот на Мустафа.
Во соопштението се додава дека Мустафа ја запознал Нуланд и со владините напори за економски развој, јакнење на правната држава и борбата против тероризмот, насилниот есктремизам, корупцијата и организираниот криминал.
- Амреиканскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд, високо го оцени напредокот што го постигнува Репубика Косово и ја нагласи натамошната подршка на САД за Косово, стои во соопштението.
Нуланд се сртена и со шефот на државата Атифете Јахјага, со вице-премиерот и министер за надворешни работи Хашим Тачи, како и со претседателот на парламентот Кадри Весели, при што им нагласи дека косовската држава и политичарите треба да покажат зрелост и да го формираат Специјалниот суд за воени злосотрства извршени од страна на ОВК, со што ќе го затворат ова поглавје за Косово.
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
