Природни состојки за побрз раст на косата
За побрз раст на косата, но и за таа да биде по негувана, ви пределагаме три неверојатни природни состојки!
Често забораваме дека и природните состојки можат да помогнат во забрзувањето на растот на косата.
Масло од рузмарин
Со масажа на темето се подобрува циркулацијата и се зајакнува коренот на влакното. А доколку додадете хранливо масло – резултатот ќе биде уште поголем.
Маслото од рузмарин се покажало како најефикасно бидејќи ефикасно ја поттикнува циркулацијата и го убрзува растот на косата. Додадете неколку капки масло од рузмарин во својот шампон и масирајте.
Јајца
Јајцата се вистинскиот избор ако имате коса која е склона кон оштетување. Тие содржат лецитин и протеини кои ја зајакнуваат и ја хранат косата. Помешајте две јајца со две лажици маслиново масло, а доколку смесата ви е густа, додадете и малку вода. Вака подготвената смеса нанесете ја на сува и расчешлана коса и оставете да делува половина час.
Рицинусово масло
Рицинусовото масло има антимикробни и антибактериски својства кои одлично делуваат на кожата на главата. Освен тоа, маслото е богато со омега-6 масни киселини, витамин Е, протеини и други хранливи состојки кои допринесуваат за обнова на косата.
Направете третман со масло така што ќе го загреете рицинусовото масло, а потоа ќе го нанесете по целата должина на косата. Замотајте ја косата во пластична капа за да ја задржи топлината. Оставете да делува барем 15 минути.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови