Припадници на Крајбрежната служа на Грција препродавале запленета дрога

Најмалку десет лица се уапсени за трговија со дрога во Грција, меѓу нив и двајца припадници на Крајбрежната служба, а се товарат дека препродавале запленет кокаин, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Весникот „Катимерини“ пишува дека едниот уапсен е управител за безбедност на Централното пристаниште во Пиреас и ја извршувал функцијата раководител на Регионалниот тим за борба против дрога, формиран во 2008 година, а другиот бил припадник на Крајбрежната служба и во моментот на апсењето, во неговиот дом биле пронајдени осум килограми дрога.
Според весникот, уапсените тргувале со големо количество кокаин од запленети товари.
Државната телевизија ЕРТ објави дека според истрагата што траела над два месеци, двајцата припадници на Крајбрежната служба, ваделе кокаин од запленетите количества дрога и заедно со другите членови на мрежата, го препродавале.
Меѓу уапсените, според истите информации се и тројца затвореници, меѓу кои и една жена, која била „мозокот“ на групата.
Ново на Сител
-

Зеленски: На состанокот со Трамп нагласена потребата од зајакнување на украинската ПВО
-

Европскиот парламент го критикува Зеленски поради спорот со Полска
-

Руте: Самитот на НАТО во Анкара беше „исклучително успешен“
-

Кремљ го поздрави укинувањето на суспензијата на Рускиот олимписки комитет
-

Приведен 40 годишник од Пробиштип кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојка
-

СЗО предупреди дека случаите на рак на глобално ниво би можеле речиси да се удвојат до 2050 година
-

Кос, Јаневска и Сали во увид на реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“
-

Три случаи на семејно насилство во Штип, Свети Николе и Македонска Каменица
