Припадници на Азов: Нашето предавање од Азовстал би било подарок за непријателот
Припадниците на полкот Азов, кои се наоѓаат во челичарницата „Азовстал“ во украинскиот град Мариупол, денеска одржаа онлајн прес-конференција.
На јавноста преку Јутјуб и се обратија заменик-командантот на Азов, Свјатослав Паламар и поручникот Илија Самоленко.
Паламар изјави дека руските сили продолжиле да ја напаѓаат фабриката за челик и се обидуваат да ја освојат. Тој додаде дека не може да потврди дали сите цивили се евакуирани од „Азовстал“.
– Предавањето не е опција бидејќи Русија не е заинтересирана за нашите животи. Веројатноста да преживееме ако се предадеме е нула. Предавањето е неприфатливо за нас. Не можеме да му дадеме таков подарок на непријателот. Да се биде заробен, за мене значи мртов, истакна поручникот Илија Самоленко.
– Ние се бориме против агресорите, непријателот кој носи терор во Украина, против нивното варварство, додаде Самоленко.
Заменик командантот на Азов, Свјатослав Паламар нагласи дека украинските војници во „Азовстал“ ќе се борат додека се живи.
– Ќе продолжиме да се бориме додека сме живи за да се спротивставиме на руските окупатори, истакна Паламар, повикувајќи на итна евакуација на ранетите соборци: „Немаме многу време, Русите интензивно гранатираат“.
Ново на Сител
-

Претставници од иницијативата „Стоп за Усје“ на средба со министерот Мухамед Хоџа
-

Тема на денот со Билјана Ивановска, граѓанска иницијатива ,,Шанса за Центар"
-

Ослободителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски за случајот со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-

Условна казна затвор од една година доби екс претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска
-

ДНК на судијата Ристов пронајдена на фолијата со 350 илајди евра
-

Партиите без компромис, Изборниот законик останува заглавен
-

Регионализација и дигитализација во здравството приритет и за Клековски - новите министри ги презедоа функциите
-

Долгови, неисправни камиони и спорни исплати: Што откри државната ревизија во „Комунална хигиена“
