Принудувале малолетничка на проституција за дрога, приведени момче и девојка од Скопје
Две лица од Скопје подведувале 17-годишна малолетничка на сексуални услуги. Осомничените ја присилувале и на давање сексуални услуги на други лица за што се стекнале со одреден паричен дадомест.
Како што соопшти МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против Б. Б. (23) и С.Р. (20) од Скопје, за сторено кривично дело „трговија со дете“.
-По добиена пријава од социјалните служби дека 17-годишната малолетничка била подведувана, МВР презеде соодветни мерки и активности и утврдено е дека првопријавениот ја подведувал на вршење полови дејствија и давање на сексуални услуги на други лица, за што од нив земал за себе одреден паричен надомест. Во наоѓање лица за давање на сексуални услуги, освен Б.Б. учестувала и С.Р.. По преземени мерки и активности, Б.Б. и С.Р. се приведени во полициска станица. Судија на претходна постапка им одреди мерка притвор во траење од 30 дена на Б.Б. и С.Р., се наведува во соопштението на МВР.
Од полицијата информираат дека МВР во координација со Министерството за труд и социјална политика веднаш ги презеле сите неопходни мерки за заштита и психо социјална поддршка на малолетната жртва на трговија со луѓе. На девојката и се направени сите потребни лекарски прегледи и во моментот е сместенa во соодветна институција.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници