Принцот Хари играше рагби со јужноафрикански деца
Кога сте виделе некој пипадник на британското кралско семејство во опуштено издание како босоног игра рагби? Одговорот е никогаш.
Но, тоа сега се менува благодарение на принцот Хари, кој се наоѓа во Јужна Африка, каде не можеше да одолее да не заигра рагби со локалните деца.
Без чевлли, во маица со кратки ракави и во шорцеви, принцот се смееше, навиваше и ги бодреше најмалите играчи. Фотографии од случката го обиколија светот.
Принцот Хари не само што им помага на лица ширум светот и ја подгинува свеста за работа на разни хуманитрани организации, туку и се обидува директно ги усреќи луѓето, што е за секоја пофалба.
Со ова 31-годишниот принц како да сака да покаже дека деновите на скандали и забави се зад него и дека е време за „некои сериозни работи“.
Останува уште прашањето кога принцот ќе ја најде својата принцеза. Се шпекулира дека Хари се смирил со поранешната девојка Челзи Дејви, со кој беше во врска седум години, со повремни прекини, но за тоа засега нема потврда.
Ново на Сител
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори
-
Променливо време со дожд и во наредните денови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа