Примирје само на хартија, продолжуваат борбите во Нагорно-Карабах
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека борбите околу Нагорно-Карабах на целата линија на фронтот продолжиле и денес.
Според соопштението на Министерството, борбите се воделе со различен интензитет вчера и во текот на ноќта во правец Агдера-Агдам, Физули-Џабраил и Зангилан-Кубадли.
„Непријателот со лесно оружје, минофрлачи и топови ги гранатираше одбранбените позиции на азербејџанската армија“, се наведува во соопштението, јавува TАСС. Се додава дека азербејџанските сили ја принудиле ерменската страна да се повлече од важните точки и бројните позиции во областа Кубадли, со големи загуби на луѓе и оружје.
Ерменија и Азербејџан го постигнаа вториот договор за хуманитарен прекин на огнот во саботата, кој стапи на сила на полноќ по локално време, но двете земји веднаш започнаа меѓусебно да се обвинуваат за кршење на примирјето.
Обновените судири околу Нагорно-Карабах избувнаа на 27 септември откако азербејџанските и ерменските сили се судрија на границата меѓу двете земји во текот на летото.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци