Примера: Севиља ја совлада Барселона

Фудбалерите на Севиља ја постигнаа втората победа сезонава во Примера (двете по ред) откако на „Рамон Санчез Пицхуан“ ја победија Барселона со 2:1. Ова за првакот беше втор пораз откако пред две кола загуби на гостувањето кај Селта.
Головите за Севиља ги постигнаа: Крон-Дели (52.минута) и Ибора (58), додека стрелец за Барселона беше Нејмар (74) од пенал.
На вчера одиграниот дуел Селта – Хетафе 0:0.
Денеска играат уште: Гранада - Депортиво, Еспањол - Хихон, Лас Палмас - Еибар и Малага - Реал Сосиедад.
Дербито на колото се игра в недела меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, а покрај овој дуел истиот ден играат уште и Рајо Ваљекано - Бетис, Атлетик Билбао - Валенсија и Леванте - Виљареал.
Табела: Виљареал 16 бодови, Селта 15, Барселона 15, Реал Мадрид 14, Атлетико Мадрид 12, Депортиво 11,...
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавни обвинители, СДСМ гласаа против
