Приливот на странски директни инвестиции во Црна Гора е 847,83 милиони евра
– Вкупниот прилив на странски директни инвестиции во Црна Гора на крајот на септември изнесува 847,83 милиони евра, а во исто време од државата се исплатиле 248,8 милиони евра, покажуваат прелиминарните податоци на Централната банка на Црна Гора.
„Нето-приливот на странски директни инвестиции изнесува 599,03 милиони евра, што е за 70,03 отсто повеќе во однос на истиот период лани“, се наведува во Билтенот на Банката.
Вкупниот прилив на странски директни инвестиции е зголемен за 41,32 отсто во однос на споредбениот период.
Од државата се одлеале 92,48 милиони евра по основ на инвестиции на резиденти во странство, а повлекувањата на средства од нерезиденти инвестирани во Црна Гора изнесуваат 156,32 милиони евра.
Приливот на странски директни инвестиции во форма на капитални инвестиции изнесува 465,05 милиони евра. Од нив 322,2 милиони евра се инвестирани во недвижен имот, а 142,85 милиони евра во фирми и банки.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ