Прилепчанец пријавил дека соседот со пушка му го усмртил кучето

Скопјанец кој престојувал во прилепското село Крушејца со пушка за која немал дозвола го усмртил кучето на соседот, по што го фрлил надвор од селото. Како што соопштија од МВР:
„На 24.05.2021 околу 21.00 часот во Полициската станица Прилеп, Ф.В.(47) од с.Крушејца, прилепско, пријавил дека неговиот сосед П.Т.(61) од Скопје, кој престојувал во с.Крушејца, со огнено оружје го усмртил неговото куче, по што го фрлил на непозната локација во атарот на селото.
По извршениот увид биле пронајдени две чаури, а во разговор со полициски службеници П.Т. изјавил дека со два истрела го усмртил кучето на Ф.В. а потоа го фрлил надвор од населено место. Тој го предал користеното огнено оружје, автоматска пушка марка „Застава М 72“, кое го поседувал без дозвола.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.
Ново на Сител
-

Пред пожарот во „Пулс“, Дирекцијата за заштита и спасување никогаш не контролирала дискотеки
-

Наместо да свика итна седница за мерки, Владата се шета во Брисел на прослави, вели Филипче
-

Владата веднаш да преземе мерки против растечките цени на нафтата
-

Нова фаза од војната на Блискиот Исток - Напади врз енергетската инфраструктура
-

Филипче: Нема да дозволам некој да не дели
-

Посебен влез за непушачи во кафеани – новини во предлог законот за заштита од пушење
-

Интервјуа за член на Антикорупциска
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, ама никој не ја пријавува
