-->
-->
Прилеп го одбележува Денот на ослободувањето
-->

Прилеп денеска одбележува 71 година од ослободувањето. По тој повод изутрината делегации на локалната самаоуправа, на борците, на граѓани и партии положија цвеќиња на спомениците на Методија Андонов Ченто и на Кузман Јосифоски во центарот на градот, на Могилата на непобедените и пред споменикот во месноста Песјобрдце каде што се одвивале завршните борби за ослободувањето на градот на 3 ноември 1944 година.
Според градоначалникот Марјан Ристески, Прилеп има голема улога во народната револуција.
- Прилеп е град херој, тука почнало востанието, и дал 650 жртви, 15 народни херои и бројни дејци за незанисна и слободна Македонија, вели Ристески.
Во чест на празникот на градот, попладнево на „Патеката на славните“ на Арт плоштадот пред Домот на културата „Марко Цепенков“ ќе бидат откриени уште две ѕвезди, со имињата на актерот Благоја Спиркоски Џумерко и на музичарот Илија Јанчулески.
По повод празникот, вечер од 18 часот во галеријата на Домот на културата „Марко Цепенков“ ќе биде отворена ретроспективна изложба на уметникот Боро Митриќески, а од 19 часот во големата сала од Домот ќе се одржи свечена седница на која на заслужни прилепчани и институции ќе им бидат доделени наградите „3 Ноември“, плакети и дипломи. Наградата за животно дело годинава ја добија академските скулптори, брачната двојка Богдан Грабулоски и Виолета Блажеска. Наградата на добитниците ќе им биде врачена вече на на свечената седница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Условна осуда за тројцата полицајци од Кочани обвинети за неизвршување службена должност
-

Народна банка: Каматната стапка е непроменета – зголемени ризици за монетарно затегнување
-

Од утре променливо облачно со дожд, пообилни врнежи во петок
-

Артета: Гладни сме да го добиеме натпреварот за финале
-

Фудбалерките на ЖФК Скопје 2014 ја освоија титулата во македонското првенство
-

Лазаревски: Наша обврска е да го дадеме максимумот
-

Прва пресуда за злоупотребите на ИПАРД – 10 месеци затвор за обвинетата што призна вина
-

Реал до крајот на сезоната без повредениот Менди
