Приказната за Дедо Мраз може да го наруши односот родител - дете

На неколку недели пред Божик, децата традиционално го составуваат својот список желби, што потоа ќе „го испратат до Дедо Мраз“.
За милиони деца ширум светот верувањето во приказната за дарежливиот старец со долга бела брада е најважниот дел од божиќните и новогодишните празници.
Но, осознавањето дека тоа е само измислена приказна, може да биде големо разочарување.
Двајцата угледни британски психолози Кристофер Бојл и Кети Меккеј сметаат дека соочувањето на детето со вистината може трајно да го наруши неговиот однос и посебно довербата кон родителот. Тоа особено, ако детето од трето лице дознае дека дотогаш родителот го лажел.
- Кога децата дознаваат дека родителите со години ги лажеле, почнуваат да се прашуваат што уште во животот е лага. Самата приказна за награда за примерното однесување може да биде протолкувана како „себична желба на родителот“ да се врати во своето детство, сметаат психолозите.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Филипче направи грешка што не отиде на лидерска
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
