Прифатено обвинението за „Меѓународен сојуз“

Кривичниот суд го прифати обвинението за случајот со Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.
„Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје кој постапува во оценка на обвинението со КОК ООА 1/20, на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, против правното лице Меѓународен сојуз и 5 други физички лица за кривичните дела „Измама“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“, по одржана не јавна седница како и разгледување и ценење на фактите и доказите во актот, донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост“, се вели во известувањето од судот.
По одобрениот обвинителен акт ќе биде оформен предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија од одделот за организиран кирминал по што ќе стартува судењето.
Во предметот обвинети се Бојан Јовановски, неговиот татко Миле Јовановски, пратеникот Фросина Ременски, Јасна Мандиќ и Христина Блажевска. Според обвинението, заедно измамиле неколкумина бизнисмени од кои зеле милион евра ветувајќи дека со парите ќе се градат старски домови.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија
-

Јаневска: Ценам дека резултатите се објективни - Просечната оценка од матурата – 3.66
-

Ручекот во ресторани и сместувањето во Охрид се поскапо
-

МВР ќе истражува како бугарските пратеници влегле во Македонија и покрај забраната
-

Тема на денот со Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДСМ
-

Сител зад сцената: На генерална проба на музичко-сценскиот перформанс за 35 години независна Македонија
-

Европските реки се сушат: Има ли ризик за македонската струја?
-

Пеколни горештини во земјата – Избегнете ги здравствените ризици
