Прием во Прага по повод Денот на независноста на Република Македонија

Македонската амбасада во Прага денеска организираше прием по повод Денот на независноста на Република Македонија, на кој присуствуваа истакнати личности од политичкиот и јавниот живот во Чешка, јави дописникот на МИА.
- Македонија како и во минатото се соочува со предизвици и во сегашноста - надминување на актуелната политичка криза во земјата, заокружување на нашата стратешка цел да станеме членка на НАТО и ЕУ и да ја совладаме миграциската криз која има влијание врз сите нас, рече македонскиот амбасадор Паскал Стојчески во поздравниот говор.
Тој ја потенцираше помошта на Република Чешка за полесно совладување на приливот на мигранти.
- Чешка, заедно со другите земји од Вишеградската група (Чешка, Унгарија, Полска и Словачка) В4, повика на посебно внимание на транзитната рута во земјите на Западниот Балкан. Од самиот почеток на миграциската криза и во текот на критичниот период придонесоа со дебати и конкретни активности, обезбедување на помош и поддршка за полесно управување со миграциските текови и гранична заштита, оцени Стојчески.

Македонскиот амбасадор изрази благодарност до чешката влада, за техничката и финансиска помош што и ја пружи на Македонија, конкретно и за распоредување на чешките полицајци кои заедно со македонската полиција ја штитат македонската јужна граница.
- Миграциската криза е далеку од завршена и ние сме подготвени да ја продолжиме оваа соработка, како што е планиран следниот контингент на чешки полицајци кој ќе биде распореден на 12 септември, додаде Стојчески потенцирајќи ја севкупната соработа меѓу двете земји.
Стојчески подвлече дека по по 25 години самостојност, Македонија и нејзиниот народ имаат многу што да слават со оптимизам и посветеност за градење и понатамошно развивање на нашата земја во децениите што доаѓаат.
Ново на Сител
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
-

Тема на денот со Горан Марковиќ, извршен директор на Македонски Телеком
-

Во Министерството за политички систем се земало плата, а не се одело на работа
-

Политички препукувања за трагедијата во Карпош, други двајца повикани во станица дека ги нападнале сопругите
-

Меџити: Вреди ќе стане партија за 2 недели
-

Владин авион утре ќе евакуира 6 лица од Египет – досега 632 Македонци побарале евакуација
