Прибак: Нападот се случи рано, аеродромот од кој бев евакуиран беше ракетиран но сите ракети беа соборени
Легендата на РК Вардар и поранешен репрезентативец на Мaкедонија, Немања Прибак, пред само десетина дена се најде во средиштето на нападите во Израел.
Во моментот на нападот бил во неговата соба, а следејќи ги препораките на тамошните власти бил изолиран во безбедносна соба. Имено, секоја нова зграда во Израел има безбедносна соба која служи како засолниште во вакви и слични прилики кога е загрозена безбедноста на станарите.
По неколкуте часа поминати во безбедносна соба и целовечерните звуци на ракетните напади, Прибак им се приклучил на патниците кои се евакуирале. Аеродромот преку кој Немања Прибак се евакуирал, бил една од метите на терористичките напади, но за негова среќа и на сите останати патници ракетниот проектил бил пресретнат.
Во разговор за Сител, Прибак раскажува за нападот и патот на евакуација.
Кирил Стојанов
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата