При вршење контрола во пицерија повреден инспектор од Управата за јавни приходи на Грција

Со фрактура на раката, службеник вработен во Управата за јавни приходи на Грција е хоспитализиран, откако бил физички нападнат при контрола во пицерија во град од централна Грција, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Според информациите од Управата за јавни приходи на Грција, на кои се повикува АНА-МПА, инцидентот се случил додека службеникот пишувал казна за три прекршувања. Го нападнал сопругот на сопственичката на пицеријата. Мажот се обидел, со столица да ја нападне и службеничката од управата, но таа успеала да го избегне нападот, jави дописничката на МИА од Атина.
Напаѓачот за да избегне апсење побегнал од пицеријата, а полицијата трага по него.
Директорот на Управата за јавни приходи на Грција, Георгиос Пицилис за инцидентот ги известил министрите за цивилна заштита Михалис Хрисохоидис и за финансии, Христос Стаикурас.
Ново на Сител
-

Уапсен Бујар Дардишта, поранешен директор од ДУИ
-

Ѓубрето во Скопје не се собирало со умисла - обвинителството поднесе обвинение против Рустеми и Саити
-

Одложена седницата за избор на в.д државен јавен обвинител
-

Се нижат оставки во СДСМ и барања за смена на Филипче по изборот на ново раководство
-

Во Струмица и Кичево не се дише, Скопје втор најзагаден град во Европа
-

Јавна расправа во Собрание: Заштита на децата и младите од штетните влијанија и последиците од пушењето
-

Унапредена дигитална алатка ќе ја следи примената на Стратегијата за реформи во јавната администрација
-

ДКСК ги повика градоначалниците да поднесат анкетен лист и покрај пробиениот рок
