-->
-->
При судар со автомобил тешко повредени 17-годишен возач на мотоцикл и неговиот 16-годишен сопатник
-->

На 30.06.2025 во 19.00 часот во Полициската станица Демир Хисар е пријавено дека на место викано „Вис“, во атар на с.Единаковци, општина Демир Хисар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.В.(24) од с.Бараково, демирхисарско и мотоцикл со демирхисарски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Демир Хисар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил неговиот 16-годишен сопатник, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од Полициската станица Демир Хисар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
