При лавини во Кашмир и во Авганистан загинаа 126 лица

Во пакистанскиот дел на Кашмир и во Авганистан во лавини загинаа 126 луѓе.
Портпаролот на пакистанската служба за вонредни ситуации, Васим Удин изјави дека во последните 24 часа во пакистанскиот дел на Кашмир загинаа 55 луѓе.
Во лавина во долината Нилиум загинаа најмалку 41 лице.
Властите во Кашмир прогласија вонредна ситуација во погодените области, наведувајќи дека спасувачите имаат потешкотии да стигнат до загрозените села.
Жителите се евакуираат со воени хеликоптери, а надлежните се обидуваат да ги оспособат автопатите за побрзо да стигнат до луѓето кои се отсечени поради обилните снежни врнежи во Пакистан и во Авганистан.
Снежните врнежи го погодија и југозападниот дел на Пакистан, областа Балуџистан, каде загинаа 20 луѓе. Додека во Пунџаб настрадаа 12 луѓе.
Во Авганистан во текот на ноќта загинаа уште 15 луѓе, а околу 300 куќи се оштетени поради снег, поплави и лизгање на земјиштето.
Ново на Сител
-

Тесна битка за градоначалник на Брвеница
-

Славески: НБМ го презеде управувањето со Алта банка АД Битола
-

СДСМ: Мицкоски и Славески ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија, бараме одговорност
-

Тема на денот со Дафина Стојаноска, ВМРО-ДПМНЕ
-

Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно во нивна одбрана, судат по насоки на нивните наредбодавци
-

Денес се избира градоначалник на Брвеница
-

ДИК: До 15ч излезноста во општина Брвеница е 40,49%
-

Втор круг претседателски избори во Бугарија
